Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ги коментираше зборовите на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, кој Европа ја спореди со градина, а остатокот од светот со џунгли.
„Борел, најверојатно, не мислеше на градина, туку на пекол. Тоа е голем проблем со градинарите, се развиле многу гасеници. Тоа звучи како признание од чисто срце. Ако Борел , кој е задолжен за дипломатијата во ЕУ, го дели светот на градина и џунгла, тој потврдува дека сегрегацијата е основа на европската политика“, заклучи портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија.
Борел се извини што ја спореди Европа со градина, а остатокот од светот со џунгли.
Изјавата на Борел беше објавена на веб-страницата на Европската унија.
„Некои погрешно ја протолкуваа таа метафора со ‘колонијален евроцентризам’. Се извинувам ако навредив некого. Верувам и реков, на пример, минатата недела на амбасадорите на земјите од ЕУ дека честопати сме непотребно евроцентрични, мора да бидеме поскромни и подобро да го запознаеме остатокот од светот“, наведе шефот на европската дипломатија.