Захарова за написите дека Германија се подготвува за војна меѓу НАТО и Русија: „Моќен минатогодишен хороскоп“

од Stefanija Kuzmanovska
384 прегледи

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на наводниот таен план на Германија, кој го објави „Билд“.

Таа изјави дека го прочитала текстот и дека „минатогодишниот хороскоп за Риби во Рак е моќен“, алудирајќи дека планот не е иновативен и ќе го доживее истиот неуспех како долгонајавуваната контраофанзива на Украина, „великодушно спонзорирана од САД и други земјите на НАТО“.

„Не ја исклучувам можноста дека германското министерство за надворешни работи под раководство на Бербок го испратило до Бундесверот аналитичкиот дел од планот“, напиша Захарова на Телеграм.

Германија се подготвува за војна меѓу НАТО и Русија, која, според сценариото на германското министерство за одбрана, би можела да започне летото 2025 година по поразот на украинските вооружени сили, објави „Билд“ повикувајќи се на наводно таен документ на Бундесверот, пренесува РТ Балкан.

Слични содржини