Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Москва е подготвена на сите заинтересирани страни да им даде детални објаснувања за подготовките на Киев за провокација со употреба на „валкана бомба“.
„Во понеделникот на тоа прашање целосно одговори рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ја коментираше ситуацијата. Тој укажа на одреден интерес на странски експерти и рече дека сме подготвени да воспоставиме соодветен контакт. Сакаме на сите јасно да им ставиме до знаење дека сме подготвени да одговориме на сите прашања и дека ќе ги дадеме потребните одговори“, изјави Захарова за Канал 1 и додаде дека Русија повеќе пати го повторувала овој став, пренесе ТАСС.
Лавров вчера изјави дека прашањето за ризикот Киев да употреби „валкана бомба“ ќе биде на дневен ред на состанокот на Советот за безбедност на ОН.