Захарова за повикот на Папата за крај на војната: „Не му се обраќаше на Киев, туку на Западот“

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека папата Франциск, повикувајќи да заврши војната во Украина преку преговори, не му се обраќал на Киев, туку на Западот, кој, како што наведе, ја користи Украина како инструмент за остварување на своите амбиции.

Захарова за агенцијата АНСА изјавила дека во интервју во саботата за една швајцарска телевизија, папата побарал од Западот да ги остави настрана своите амбиции и да признае дека грешат.

Захарова изјави дека „Русија никогаш не ги блокирала преговорите со Украина“.

Слични содржини