Захарова: Зеленски нема волја за мирно решение на конфликтот во Украина

Зеленски и неговите западни спонзори немаат волја за мирно решавање на конфликтот во Украина, додека нивниот курс на конфронтација со Русија останува, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

од Vladimir Zorba
24 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АПТ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите западни спонзори немаат волја за мирно решавање на конфликтот во Украина, додека нивниот курс на конфронтација со Русија останува, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Ова убедливо го покажува недостатокот на политичка волја на Зеленски и неговите западни спонзори за мирно решавање на конфликтот. Без разлика какви таканаречени мирни изјави даваат, нивниот курс е јасен – тоа е курс кон продолжување и намерна ескалација на вооружениот конфликт со Русија. Како што гледаме, тие го одржуваат овој курс по секоја цена“, рече Захарова на прес-конференција, објави РИА Новости.

Таа рече дека „украинскиот режим не бара деца наводно киднапирани од Русија за време на конфликтот“, наведувајќи дека Зеленски само „игра на картата на децата“ со тоа што не дава никакви информации за нив.