Иако повеќето од нас користат многу продукти за нега на кожа и коса, често забораваат на негата на ноктите, а некои луѓе имаат и природно слаби нокти. Со ограничен буџет не може секој да си дозволи нега на нокти во професионални салони, но сепак самите можетe да се погрижите. Едноставно вклучете ги следниве продукти во исхраната и на природен начин зајакнете ги ноктите.
Јаткасти плодови
Бадеми, ореви и други јаткасти плодови содржат значителна количина омега три масни киселини. Бадемите се најверојатно вашиот најдобар избор бидејќи во себе имаат поголеми количини витамин Е, магнезиум и калциум од останатите јаткасти плодови. Овие минерали ќе помогнат во зајакнување на вашите коски и ќе го спречат пукањето и лупењето на ноктите.
Лосос
Оброкот кој вклучува лосо веројатно е еден од најздравите кои можете да ги подготовите. Лососот содржи големи количини витамин Д кој е клучен за апсорпција на калциумот, поради што може да ви помогне во зајакнување на коските и ноктите. Поради тоа секогаш кога сте во можност заменете го црвеното месо со лосос.
Јогурт
Прескокнете го стандардниот овошен јогурт и заменете го со незасладен обичен јогурт или кисело млеко. Тој ќе ви овозможи внесување на минерали кои ги зајакнуваат ноктите, како протеини, биотин, железо, магнезум, калиум, калциум и витамин Д. Најдобро од сè е што јогуртот можете да го конзумирате на разни начини, што значи нема брзо да ви здосади.
Овошје и зеленчук
Грав,, брокули, банани и карфиол се најдобрите пријатели на вашите нокти. Овие продукти содржат големи количини протеини и биотин кои го поттикнуваат создавањето на кератин, а тој е заслужен за раст на вашата коса и нокти. Биотинот е една од најважните состојки во тој процес и помага во зајакнување на слабите нокти. Исто така важно е редовно да конзумирате големи количини овошје и зеленчук кои ќе помогнат во хидратитизирање на вашите нокти, и ќе ви овозможат сјаен и здрав изглед.
Јајца
Ако скате безмасна алтернтива на лососот, изберете јајца. Исто како лососот, јајцата се богати со протеини и витамин Д додека истовремено се лесно сварливи. Тие се одличен избор и за дополнителен кератин кој е потребен за убави и цврсти нокти. Ако ова не е доволно, тука е фактот дека храната богата со протеини, како што се јајцата, може да ви помогне во слабеењето, бидејќи подолго време ќе бидете сити.
Семки од сончоглед
Освен што се одлични грицки, овие ситни здрави семки во себе имаат голема количина минерали и хранливи материи. Содржат многу магнезиум кој го поттикнува растот и ги прави поцврсти ноктите. Едноставно додајте лупени семки од сончоглед во вашите оброци и направете ги повкусни и поздрави.