Зајкова: Апсурдно е кривично да се гонат лицата кои консумираат канабис рекреативно

од Vladimir Zorba
585 прегледи

Потпретседателката на Либерално-Демократската Партија, Моника Зајкова учествуваше на првиот Македонски канабис форум, во организација на граѓанската организација Билка.

– ЛДП е првата партија која што ја има ставено во програмата декриминализација и легализацијата на канабис. Апсурдно е кривично да се гонат лицата кои консумираат канабис рекреативно, односно за лична употреба, истакна Зајкова.

Според Зајкова, nе смееме повеќе да бидеме неми на третманот на конзумените.

-Не може да дозволиме само затоа што законодавецот во КЗ не ја регулирал личната употреба, но само одредил помала количина, лицата коишто рекреативно го користат канабисот, да бидат претресувани, омаловажувани, малтретирани и стигматизирани, посочува таа.

„Легализацијата на канабисот носи многу придобивки пред се од аспект на унапредување на човековото право на избор, но и од економски и медицински аспект.

▫️ Широка листа на болести кои се третираат со канабис;
▫️ Намалена употреба на тешки дроги;
▫️ Контрола на квалитет и продажба;
▫️ Избегнување директен контакт меѓу уживателите на канабис и дилерите на тешки дроги;
▫️ Намалување, па и елиминирање на црната економија;
▫️ Зголемен БДП од угостителски и услужни дејности;
▫️ Определена количина која се смета за легален посед и број на одгледувачки стебла за лична или медицинска употреба кои се сметаат за легални.
▫️ Органите на прогон нема да ги трошат своите ресурси на гонење на уживателите, но на гонење на вистинскиот криминал.
▫️ Бенефит за земјоделците.
▫️ Бенефит за индустријата, смета Потпретседателката на Либерално-Демократската Партија