Зајкова: Легализацијата на канабис не значи дека сите ќе станат наркомани или дека ќе имаме зависници по улиците

од Nikola Popovski
380 прегледи

ЛДП беше прва партија која во својата програма има ставено дека се залага за декриминализација и легализација на канабис. Како либерал-демократи тргнавме од правото на човекот и правото на избор, но и од економските придобивки. Легализацијата не значи, како што многумина мислат дека сите ќе станат наркомани или дека ќе имаме зависници по улиците, изјави утрово претседателката на ЛДП, Моника Зајкова за една од заложбите на партијата.

Според Зајкова, во многу земји, бројот на корисници на тешки дроги се намалува, штом стапил на сила законот за легализација на канабисот.

-Не гледам што е спорно да имате регулиран систем каде државата ќе има бенефит од тоа. Сега не знаете што доаѓа од црн пазар и државата нема контрола врз тоа. Вака државата ќе има контрола и врз квалитетот и ќе има одданочување, зголемен БДП од услужните дејности, намалување на црната трговија и криминал, бенефит за земјоделците и индустријата…, рече лидерката на ЛДП во емисијата на „Слободен печат“.

За Зајкова, треба да биде пофлексибилно она што значи рекреативна употреба на дрога за себе, но до одредена количина.

-Ништо не добиваме со тоа што не ги легализираме. Не знам зошто правиме општа хистерија кога ќе спомнеме регулација, додаде пратеничката.

Слични содржини