Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека не верува дека поранешниот лидер на партијата, Горан Милевски, стои зад иницијативата за нејзина смена.
„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа… тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“ рече Зајкова за „360 степени“ на МРТ 1.
Таа нагласи дека Милевски, иако е политички избран амбасадор во Словенија, мора да се придржува кон Законот за надворешни работи, кој строго го забранува мешањето во внатрешните работи на земјата.
„Јас, искрено, не сакам да верувам, бидејќи ако е така, свесно го прекршува законот, а за прекршување на законот мора да има одредени санкции и одговорност како и за секој друг“, додаде Зајкова.
Во однос на барањата за нејзина смена, Зајкова истакна дека тие се израз на слобода на говор и индивидуална слобода.
„Централниот одбор ја разгледал оваа иницијатива… со 61 глас од вкупно 87 члена, таа беше одбиена“, додаде таа.
На прашањето за внатрепартиската битка за превласт во ЛДП, Зајкова рече: „Не знам каде се нудат овие луѓе или какви интереси застапуваат, иако сметам дека ќе да се изгубените интереси во прашање.“
За крај, Зајкова се осврна на наводните напори за преговори за влез во власта.
„Токму тоа и го правам и за тоа добивам поддршка и од Централниот и Извршниот одбор… не слушнав да го дискутираат тоа прашање ако ги засега либералдемократијата“ рече таа.