Зајкова: Ние имаме многу способни и паметни жени, но Македонија е општество кое не ја штити жената

Ако некој мисли дека родовата еднаквост е завршена работа затоа што постои квота, тогаш нека погледне колку жени има реално на клучни позиции - вели во осмомартовско интервју за „Локално“,  Моника Зајкова, едниствена жена - лидер на парламентарна партија во Македонија

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Собрание на Република Северна Македонија

Жените немаат еднаков пристап до највисоките извршни позиции во државата.  Ако некој мисли дека родовата еднаквост е завршена работа затоа што постои квота, тогаш нека погледне колку жени има реално на клучни позиции – вели во осмомартовско интервју за „Локално“,  Моника Зајкова, едниствена жена – лидер на парламентарна партија во Македонија.

Според пописната статистика, половина од вкупното население во државата се жени, дали во општата генерална политичо-економска слика, имаме пропорционална застапеност на жените на водечки позиции, во однос на нивното учевство во вкупниот број на население?

-Одговорот е НЕ со големи букви. Статистиката е едно, реалноста во Македонија е сосема друго. Иако заради квотите сликата во Собранието и Советите на општините е подобрена сепак на водечки позиции во локалната власт, извршната власт, лидерски позиции- доминантно седат мажи. Јас сум единствена жена-лидер на парламентарна партија во Македонија и тоа многу кажува кога сакаме да говориме за пропорционалност. На страна од политиката еве да се запрашаме колку жени се наоѓаат на челни позиции во големите компании, банки итн… Затоа кога говориме за родова еднаквост не е доволно таа да постои само како политичка реторика или формална бројка на листи но, навистина да овозможи еднаков пристап на жените до позициите каде што се носат клучните одлуки и се креираат политики.

Жените во политиката – податоците покажуваат дека само 12,5% од сегашните “министри“ се министерки, или само 3 жени се дел од Владиниот кабинет. Дали и ова е уште еден податок кој ја потврдува диспропорцијата на учеството на жените на водечки функции?

-Ова е само уште еден јасен показател дека жените немаат еднаков пристап до највисоките извршни позиции во државата. Македонија немала жена премиерка, немала жена претседателка на Собранието, зарем тие позиции се предодредени само за мажи? Чинам дека уште поголема е диспропорцијата ако се погледнат раководствата на големите јавни претпријатија, трговски друштва итн.

Малку поразлична е состојбата во парламентот каде застапеноста на жените е регулирана со квоти, со што е исполнет цензусот од над 30% застапеност.

-Да квотите обезбедуваат над 30% жени пратенички, но тоа не значи дека системот навистина е еднаков – тоа само покажува дека без законска обврска партиите сами не би го направиле тоа. Ако некој мисли дека родовата еднаквост е завршена работа затоа што постои квота, тогаш нека погледне колку жени има реално на клучни позиции, со какви секојдневни предизвици се соочуваат жените, па ние немаме елементарни услови како тоалет за менструална хигиена, немаме места во градинки, да не говориме па со какви патријахални стереотипи се борат жените. Искрено, најголемата иронија е што многу политичари јавно зборуваат за еднаквост, полни им се устите за жените, но кога треба нешто да се направи во пракса делата изостануваат и повторно на сметка на родовата еднаквост доминираат партиските ставови или ставовите на лидерот. Дури во минатиот парламентарен состав се соочивме со тоа колешки да се најдат на протест против родовата рамноправност, што е поразително.

Од вкупно 80 општини во државата, плус Град Скопје, само четири добија градоначалничка . Во проценти тоа значи дека застапеноста на жените во локалната самоуправа е со 4,9%. Дали ова е поразителен податок за политиката ?

Зајкова: -социјалните мрежи, со институции што функционираат само под притисок на јавноста, а не поради надлежност и заради превенција искрено се радувам и на оваа поразителна бројка која ја имаме на жени во локалната самоуправа. На кој начин ги охрабруваме жените да се најдат на челни позиции во општините, со тоа што на физички напад на градоначалничка институциите пробаа да премолчат или можеби со коментарите ако и е, или можеби пак со тоа што не сите жени политичарки се охрабруваат да осудат напад на друга жена политичарка која не е од нивната партија, само за да не им замерат мажите сопартијци? Ако вака продолжиме мислам дека за некоја година ќе ја немаме ни оваа бројка. Бидејќи може да видите дека од избори во избори, освен онаму каде што има квоти како позитивна дискриминација бројот на жени опаѓа дури и во овој парламентарен состав чинам е помал од претходниот.

Кои се причините за ваквите состојби – сеуште присутни стереотипи, отстуство на соодветен “женски“ кадар за позиции? Дали застпеноста на жените во креирање на општествено политичките контури го сведуваме само како прашање на “бројки“ ?

-Се додека жените ги сведуваме само на пополнета бројка/квота и статистика нема да имаме подобрување на состојбите. И не воопшто не се работи за отсуство на соодветен женски кадар, напротив ние имаме многу способни жени и паметни жени, но се работи за општество кое не ја штити жената. Се ежам кога ќе видам погрден коментар од повозрасна жена или маж сликан со жена, ќерки, внуки…  Да не ви отворам пораки на  месинџер ќе ви се згрози, покрај закани, сексуални мечти, навреди добивам и слики од полови органи. Мене не ме допираат  емоционално и моето семејство секогаш стои со поддршка позади мене, но замислете како тоа може да влијае кај жени кои доаѓаат од помали средини, кај помлади девојки кои допрва треба да ги мотивираме да се приклучат, кај жена која има пољубоморен партнер итн. Многу жени сведочејќи на вакви гадости и коментари решаваат да се повлечат и да го сочуваат внатрешниот мир.

Македонија има законска регулатива за родова застапенсот. Се додека зборуваме за “квоти“ значи имаме проблем на оваа тема. Како да се променат и бројките за застапанеост?

-Имаме регулатива, но таа регулатива не се спроведува. Немаме доволно механизми за превенција. Кога жените ќе се чувствуваат безбедно, поддржано од институциите, од општеството бројките ќе се подобрат.  Со оглед на последните случувања и тоа колку жени уби молкот ако не почнеме со едукација од најрана возраст, со систем за превенција (затоа и ЛДП предлага воведување електронска нараквица), институционална навремена и брза заштита и целосна имплементација на законската регулатива и Стратегиите кои фаќаат прашина по фиоки, додека не одвоиме значителни финансиски средства,  не само што дебатата ќе е и понатаму за квотите како т.н. позитивна дискриминација, а не за квалитет, еднакви можности, унапредување и заштита на правата, туку ќе немаме повеќе жени ни за пополнување на тие законски квоти.

Д.А.