Зајкова: Само со почитување на европските и либерални вредности може да изградиме држава која ќе биде пристојно место за сите

од Симе Стоиков

„Само ако ги почитуваме европските и либералните вредности на еднаквост, солидарност и почитување на разликите ќе изградиме држава која ќе биде попристојно место за секој граѓанин“ рече коносителката на листата во ИЕ1, од Коалицијата за европска иднина, Моника Зајкова на централниот митинг во Скопје.

Таа додаде дека оваа коалиција има јасен план и визија за Европска Македонија и европски животен стандард на секој граѓанин.

„Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности. За учениците и студентите, за младите, за работниците, за стопанствениците, за пензионерите, за мажите, за жените. За сите кои се вградуваат себеси во европска Македонија“ рече Зајкова.

Слични содржини