Зајкова уште две години ќе биде лидер на ЛДП и тврди дека не подлегнува на уцени и закани

од Nikola Popovski
55 прегледи

Статутот на ЛДП е многу јасен – општинските организации не можат да побараат свикување на вонреден Конгрес. Таква одлука носи ЦО на партијата кој на 31-ви мај, по изборите, единствена одлука која ја донесе е поддршка на раководството и поддршка за независно делување во Парламентот, како што е давање поддршка на идеи и закони од интерес на граѓаните и државата, но и критика на она што се коси со либерално-демократската идеја и интересите на граѓаните, изјави синоќа лидерката и пратеничка на ЛДП, Моника Зајкова по обидот за нејзина смена во текот на претходните денови.

На прашањето како ги коментира ставовите на инцијаторите за нејзина смена кои велат дека Зајкова ги распушта општинските организации кои се нејзини неистомисленици, лидерката на ЛДП вели дека во нејзиниот мандат има најмалку распуштени општински организации, додека во мандатот на нејзиниот претходник дури 15.

-Имаше извештај на ЦО на партијата на кој што членовите дискутираа со часови и се донесе скоро едногласна одлука за распуштање на раководството на тие општински организации. Не знам кои се мотивите, дали се лични, губење на одредени државни позиции или некој ги координира, но Моника Зајкова ќе биде уште две години (претседател на ЛДП) бидејќи е толку по статутот. Партијата ќе работи на промоција на либерално-демократската идеја. Единствено важно е што ова што го прават не е од интерес на партијата и граѓаните, рече пратеничката во вестите на ТВ Сител.

Зајкова исто така информира дека добивала закани и уцени, но дека не подлегнува на истите.

Слични содржини