Зајкова: Ветинг на сите политичари од 1990 година до денес, за да се демаскираат сите кои сега најгласно врескаат за правда

од Vladimir Zorba
286 прегледи

„Се обврзуваме на целосно имплементирање на сите 40 препораки од оценската мисија, кои носат јавен избор на членовите на Судскиот совет, намалување на нивниот мандат, јавност во процесите за дисциплиинските постапки за судии и јавни обвинители. Она што ми е драго е и прочистувањето на судството, но и ветинг за политичарите“ рече претседателката на ЛДП и коносителка на листата во ИЕ1 од Коалицијата за европска иднина, Моника Зајкова на граѓанскиот митинг во Сопиште.

Таа додаде дека ветингот за политичарите нема да важи само за последните пет години, како што бара ДПМНЕ за повторно да се себеамнестира, туку да важи од 1990 година.

„Да видиме кој, во време на формирањето на државата крадеше, кој тераше милионски непотребни проекти, како галии и жални врби и стекнуваше имот на грбот на граѓаните. Барам тој ветинг да почне лично од мене, немам од што да се плашам, како што се плашат функционерите на ДПМНЕ“ рече Зајкова.

Претседателката на ЛДП додаде дека со ветингот на политичарите ќе се демаскираат сите оние кои сега најгласно врескаа за правдата.

„Држава со гол национализам, популизам и врескање не се води. Се води со визија и храбри одлуки“ рече Зајкова.

Слични содржини