Костја Копејкин ќе го дочека спојувањето на Бугарија со Македонија на куково лето, објави лидерката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова по денешната порака на претседателот на третата по сила политичка партија во Бугарија, Костадин Костадинов.
Според Зајкова, фашизоидните идеи не изненадуваат никого, но мора да останат само дел од мрачното минато полно со жртви и страдања.
-Македонскиот народ е засебен со своја историја, култура, јазик и традиција, а Македонија ќе си биде самостојна, суверена и независна земја, рамноправна со соседите и другите нации во Европа, објави претседателката на ЛДП.
Во Бугарија, лидерот на ултранационалистичката партија Преородба го нарекуваат Костја Копејкин поради прорускиот сентимент на неговата партија и поради неговите врски со Кремљ.