Зајкова за превирањата во Алијанса: Партиите да бидат внимателни каква слика се остава за државата

од Nikola Popovski
254 прегледи

Тие предлози ги дава мандаторот на владата. Ние сме дале зелено светло за функционирање на техничката влада, со цел да не ги блокираме состојбите во државата и да не се остави дамка на изборниот процес. Се понатаму како ќе се одлучува, се внатрепартиски прашања на Алијанса. Сите партии трееба да бидат многу внимателни во своите постапувања и каква слика се остава за државата и колку тоа ќе влијае на патот, по кој оди државата. Сите овие вакви несогласувања влијаат на нашата интеграција, вели лидерката на ЛДП, Моника Зајкова за актуелностите на политичката сцена и „потресот“ во Алијансата за Албанците.

Според неа, ваквите превирања не влијаат на владеачкото мнозинство, но како ЛДП ќе постапи доколку дојдат предлози за измени на техничката влада, партијата ќе одлучува преку Извршниот одбор.

Зајкова жали што се блокираат одредени закони кои се добри. Таа е зачудена зошто големите партии не се усогласат за Законот за АВМУ и зошто не се најде заедничко решение за спорните делови.

Претседателката на ЛДП најави дека нејзината партија ќе поднесе предлог-измени на Законот за игри на среќа, исклучиво во насока на одговорното обложување. Во интервју за емисијата „Студио 10“ кажа дека немало никакви тензии и притисоци во владеачкото мнозинство околу измените на овој закон.

Слични содржини