Закана: Баерн ќе триумфира во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, верува дека тимот има класа за освојување на Лигата на шампионите – единствениот турнир на кој Баварците се уште имаат шанси за триумф оваа сезона.

Баерн Минхен му гостува на Арсенал во средата навечер во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар одигра нерешено 2-2.

Хајнер верува дека великанот од Минхен може да стигне до финалето во Лондон на 1 јуни.

„По она што беше прикажано на првата средба со Арсенал, верувам дека тимот може да го направи тоа. Ние сме Баерн Минхен“, изјави претседателот на клубот за весникот Münchner Merkur.

„Се разбира, секогаш ви треба малку среќа во Лигата на шампионите, но фактот што можеме да ги предизвикаме лидерите во Премиер лигата – најсилната лига во светот – покажува што е можно кога секој го дава најдоброто од себе, додаде Хајнер.

Лигата на шампионите е последната шанса за клубот да избегне прва сезона без трофеј од 2012 година.

Хајнер и играчот од средниот ред Александар Павловиќ се надеваат дека навивачите на тимот ќе им помогнат да се квалификуваат во следната фаза од турнирот.

„По победата од 2:0 против Келн, навивачите скандираа „Европски куп“ за да ги мотивираат играчите за предизвикот што претстои“, изјави Херберт Хајнер.

Слични содржини