Закана или одлука – Кристијано Роналдо си заминува?

од Берта Китинска
381 прегледи

Кристијано Роналдо е несреќен. Во прашање се повеќе работи, од амбициите на тимот, преку резултатите, обесхрабрувањето на соиграчите, сите се виновни. А најмногу од се – Ралф Рагник.

Португалецот нема некое мислење за тренерот, смета дека не знае како да го извлече максимумот од него и од тимот, а на челниците наводно им рекол дека ќе си замине доколку не е задоволен од менаџерот кој пристигнува на крајот на сезоната. Можеме да погодиме кој ќе биде, но прашање е дали желбата е обострана, односно дали Јунајтед ќе сака да го задржи Португалецот кој има договор до 2023 година.

Има мислења дека лошо влијае на младите играчи, дека е себичен, дека не ги почитува навивачите и дека не го донесе тоа што клубот го очекуваше.

Кристијано веќе јасно им порача на челниците дека не поддржува Рагник да остане во клубот, но Германецот на лето ќе се пресели на позицијата советник, а на клупата би можел да пристигне Маурицио Почетино кој е прва желба на „ѓаволите“. Тоа не зависи од Аргентинецот, но се верува дека тој е мотивиран да се врати во ПЛ.

Главната замерка на Роналдо е дека тренерот не може да освојува трофеи, слично размислуваше и за Бенитез и Маурицио Сари. а јавна тајна е дека поради неговиот стил на игра кој не му одговараше на Роналдо, Алегри мораше да го напушти Јувентус.

Освен Почетино, кандидати се Тен Хаг и Брендан Роџерс, тие треба да ја оптимизираат играта, односно формацијата, бидејќи Роналдо не се снаоѓа во системот 4-2-2-2 што го форсира Рагник. Португалецот оваа сезона постигна 14 гола, но тимот е едвај седми на табелата.

Ситуацијата во соблекувалната е лоша, па не е ни чудо што голем број на играчи
сакаат да си заминат во јануари …