Властите во Северна Кореја може да се подготвуваат за тест на водород бомба. Ова го јавува агенција “Ренхап”, повикувајќи се на извештај на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

Според податоците на јужнокорејското разузнавање на полигонот Пунгери се забележува очигледна живост.“Ние не можеме да го игнорираме фактот дека ископувањата на Северна Кореја на нов тунел на полигонот Пунгери може да се поврзани со испитувањето на водород бомба”, се вели во извештајот. Во јужнокорејското воено министерство забележуваат уште дека Северна Кореја реално може да има основа за изработка на термодерно оружје. Претходно Пјонгјанг одржа три нуклеарни тестирања, како последното беше во 2013-имено на полигонот Пунгери. Потсетуваме дека пред еден месец севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун соопшти дека неговата земја располага со технологија да направи Водородна бомба