Закана за бомба ја откажа конференцијата каде што обраќање требаше да има Ковачевски

од Nikola Popovski
151 прегледи

Утрово дојави за поставени бомби стигнаа и на адресата на хотелот „Александар Палас“, каде што обраќање требаше да има премиерот Димитар Ковачевски.

За во 10 часот беше предвиден почетокот на годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Сите лица што биле во хотелот се евакуирани. Полицијата е на терен и врши антитеростички проверки. Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Вчера дојави за бомби добија 49 училишта во Скопје и Куманово, а по проверките се потврди дека сите се лажни.

Слични содржини