273
Утрово лажна дојава за бомба пристигна и на адресата на ТЦ „Ист Гејт Мол“ во Скопје. Посетителите и вработените во дуќаните се евакуирани.
Се чекаат екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги извршат потребните проверки.
Ова е првпат дојава за бомба да пристигне и во трговски центар во градот, во кој што дневно има по илјадници граѓани.
Повторно дојава за бомби денес има во 6 скопските средни училишта потврдија од МВР. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.