Закана за бомби во МНР

од Nikola Popovski
163 прегледи

Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека до нив стигнала дојава за поставени бомби. Во тек е евакуација на вработените.

„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови вработените ќе се вратат на работа“, соопштија од МВР.

Ваква закана за првпат е пријавена во некое од министерствата. Претходно дојави за бомби имаше во средни и основни училишта, ТЦ Ист Гејт и Бисер, полициската станица Центар, како и Народната банка.

Слични содржини