Заканата од терористички напади во С. Македонија е „просечно висока“, велат од Стејт департментот

од Nikola Popovski
183 прегледи

Заканата од терористички напади во С. Македонија е „просечно висока“ или средна, стои во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година.

Понатаму стои во извештајот дека во земјава не се пријавени терористички инциденти во текот на 2021 година.

-Правната рамка на Северна Македонија е соодветна за кривично гонење на лица осомничени за извршување или помагање терористички активности или учество во странски војни. Ниските казни за дела поврзани со тероризам остануваат предизвик, но подобрени се во споредба со претходните години, а казните генерално се подолги отколку во другите земји од Западен Балкан.

Министерствто за правда на САД обезбедило менторство и обука со наоди од терен за обвинителите и истражителите, велат од Стејт Департментот.

Северна Македонија исто така е вклучена во борбата со насилниот екстремизам и во 2021 година продолжила со соработка со останатите земји од Западен Балкан за борба со тероризмот и насилниот екстремизам, и учествувала во повеќе проекти поврзани со ова.

Слични содржини