
Пред десетина години Москва се покажа како потенцијално незаштитена пред новиот американски противракетен систем THAAD кој тогаш забрзано се развиваше, потсети warfiles.ru.
За време на последните испитувања на новиот американски ЗРК во јули годинава беше успешно погодена балистичка ракета со среден дострел.
Така овој комплекс успешно го надополнува штитот NORAD што ја покрива Северна Америка од каква било надворешна закана од вселената или од стратосферата. Според руски дипломати и воени експерти новото оружје го наруши статус квото или, како што велат професионалците „паритетот на грубата сила“.
Русија има одлични средства за воздушна одбрана, но тие не можат да се справат со ракетната закана, вели warfiles.ru. Во областа на ракетната одбрана, Русија остана на крајот од 1990-тите, губејќи го времето со збратимувањето со Американците.
Дури во 2002 година беше најавен почетокот на работата над принципиелно ново средство во областа на ЗРК – С-500 „Прометеј“. Конечно во 2010 година руската влада официјално ја потврди техничката можност за создавање на ЗРК од петта генерација, способна да соборува дури ниско летечки сателити и идни хиперзвучни проектили.
С-500 ќе влезе во вооружување во 2018-2019 година. Во реонот на Москва и во западниот дел на Русија се гради уште еден повисок трети ешалон од стратешкиот систем за одбрана А-235 „Нудољ“.
Овој систем треба да ги смени на борбените дежурства околу Москва и околу другите големи градови и воени бази, каде што сега е застарениот систем А-135 „Амур“. Додека трае замената на ракетните комплекси ќе се спроведе комплексна модернизација на „Дон 2Х“ РАЛ.
Нема официјални пораки кога ќе заврши сето тоа, но според американски извори Русија веќе извршила тест од полигонот во Плесецк и тоа пет испитувања на овие ракети.
Пак по американски извори, А-235 „Нудољ“ ќе може да погодува цели на височини до 1.000 км (С-500 до 200 км) и со далечината до 1.500 км по хоризонтална линија (С-500 до 600 км) со брзина 7 км/sec.