Закани до конгресмените во пресрет на расправата за отповикување на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Американските безбедносни служби испитуваат бројни закани упатени кон конгресмените во пресрет на расправата во Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

На конгресмените им се заканувале со убиства и напади пред Капитол Хил, дознава АП од извор во американската влада кој побарал анонимност.

Поради овие закани и стравувања дека вооружените демонстранти би можеле да се вратат и повторно да се обидат да ја нападнат зградата на Конгресот, полицијата на Вашингтон и другите сојузни структури за безбедност бараат илјадници членови на Националната гарда да бидат распоредени во главниот град на САД, додека Сенатот не се подготви за продолжување на судењето за отповикување на поранешниот претседател Трамп, објави „Танјуг“.

Командата на Националната гарда објави дека заклучно со крајот на неделата, бројот на припадници на Националната гарда распоредени во Вашингтон е помалку од 20 илјади.

Најавено е дека мнозинството, околу 13.000 од нив, ќе бидат вратени дома во наредните денови, а во следните недели, бројот на луѓе ќе се намали на бројот од околу 5.000 припадници на Националната гарда кои ќе останат во главниот град на САД до средината на март.

Слични содржини