Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев по најавата на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од редовите на СДСМ дека ќе присуствува на денешната седница во Собранието, иако има Ковид-19, на социјалните мрежи упати закани.
„Ауф, сестро, ама гадно ќе НАЕБЕШ ❤ #КривиченПрогон #Биотероризам“, пишува професорот и пратеник.
Претходно на Твитер, тој сподели дека ако власта донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе добие кривична пријава за „БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ“.
Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот. ;)#ТикТакТикТак
— Апасиев (@apasiev) April 17, 2021
„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот“, напиша претходно Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.
А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата.
Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот“, додава таа.