Закани од експлозив и пукање во словачко училиште: Полицијата на терен

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Учениците од гимназијата „Алберт Ајнштајн“ во братиславска Петржалка се пратени дома бидејќи, како што се наведува во соопштението на училиштето, имало закана од експлозив или пукање во училиштето, објави словачкиот сајт Topky.sk, пренесува словачкиот Си-Ен-Ен.

Според медиумот, раководството на училиштето се справува со ситуацијата заедно со полицијата, а учениците се испратени дома.

Според непроверени информации на сајтот Topky.sk, непознатиот сторител испратил закани до некои училишта велејќи дека планира да убие некого од нивното раководство.

Слични содржини