Речиси секој ден пристигнуваат нови дојави за поставени за експлозивни направи, па така и денес. Овој пат закани за бомби биле пристигнати на адресите на хотелот „Александар Палас“, спортската сала „Борис Трајковски“, но и на скопскиот аеродром.
Полицијата е веќе на терен и се врши евакуација на вработените и присутните граѓани во овие објекти.
Сите летови на скопскиот аеродром се веќе откажани.
Oва е за првпат закана за експлозивна направа да има на меѓународниот аеродром или во некоја спортска сала.
За денеска во 10 часот во хотелот „Александар Палас“ беше предвидено и присуство на премиерот Димитар Ковачевски, каде требаше да присуствува на годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема: „Предизвици на економските политики во 2023 година“.
Претходно заканите се однесуваа за образовни установи, трговски центри, но и зградите на МНР и Народната банка. Вчера имаше дури 49 дојави за поставени бомби, што е најголем број досега за едно деноноќие.
Сите претходни дојави беа утврдени како лажни.