Заканувачот Емил Јакимовски доби отказ од Централен регистар

од Nikola Popovski

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место.

За оваа одлука информираше лично Марија Бошковска Јанковски која соопшти дека оваа одлука доаѓа  поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

Директорката вели дека Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување .

„Денес 12.01.2020 година (недела) како директор на Централен регистар на Република Северна Македонија донесов решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Имено Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Претходно во текот на изминатиот ден, директорката информираше дека хакирана и фан страната на Фејсбук на Централниот регистар, а сомнежите одат на адреса на самиот заканувач Емил Јакимовски

Денес 12.01.2020 година (недела) како директор на Централен регистар на Република Северна Македонија донесов решение за…

Публикувахте от Marija Boskovska Jankovski в Неделя, 12 януари 2020 г.

Слични содржини