Закажан нов конгрес на ДПМНЕ? Груевски и Извршниот комитет на ДПМНЕ поднесуваат оставки?

spasovОд блиски извори на ДПМНЕ се дознава дека е закажан нов конгрес на ДПМНЕ. На конгресот се очекува да поднесат неотповикливи оставки претседателот на партијата Никола Груевски и сите членови на Извршниот комитет, меѓу кои се и Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Миле Јанкиевски и Кирил Божиновски.

Според извори блиски до Влатко Ѓорчев, Груевски веќе им го доставил својот говор на најблиските соработници. Во него стои:

Драги мои браќа и сестри,

Сите вие видовте и слушнавте од Специјалното јавно обвинителство, чие формирање ние сесрдно го подржавме за правдата да излезе на виделина, дека е отворена истражна постапка против моите најблиски соработници и членови на Извршниот комитет на партијата за сторени кривични дела:

Злосторничко здружување од чл.394 од КЗ,

Повреда на избирачкото право од чл.159 од КЗ,

Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 од КЗ,

Поткуп при избори и гласање од чл.162 од КЗ,

Уништување на изборен материјал од чл.164 од КЗ и

Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од чл.165-а од КЗ.

Како што убаво му објасни на народот, убавата Фатиме: „Во 2012 година, осомничените, кои имале својства на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на Владата на Р.Македонија, сите членови на извршен комитет на партија, заедно со други, засега непознати лица, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето, а за кои кривични дела може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна“.

Драги мои соборци,

Вие исто така знаете дека никој во нашата партија не можел да формира ниту невладино, а камо ли злосторничко здружение за таква цел, без мое знаење. И на нашиот народ му е јасно дека јас стојам на чело на тоа здружување за споменатата цел„.
Успеавме за сега, сите наши браќа и сестри да ги спасиме од притвор каков што им определуваме на сите наши душмани и за многу помали грешки. Но, не сум сигурен дека моите најблиски и најверни соработници, Сашо, Горде, Миле , Кирил ќе успееме да ги спасиме од затвор. Како човек кој во се ги подржуваше, стимулираше и на се ги поттикнуваше , јас , драги мои членови на партијата, веќе не можам да се чуствувам невин.

Но, Не е само тоа.

Иако знам верни мои другари дека никој од вас не ги слушнал бомбите на оној Заев, сигурно сте слушнале за голем број на криминални афери поврзани со моето име. Не се само во прашање парите од продажбата на Македонска банка, ниту само милионите евра што со Миле им ги земавме на „жутите„ за да ги градат автопатиштата, ниту само провизијата за купување опрема за прислушување од Изреалците, ниту само мојот плац на Водно што го начекав за џабалук, туку и многу други работи, кои како што тргала работата ќе испливаат на површината и ќе и нанесат голем срам не само на партијата туку и на Македонија.
За сето тоа веројатно, прво ќе не обвинат а потоа и ќе ни се суди.За парите што го потроши партијата во Хрватска и судеше дури и на партијата, а тоа може да се случи и кај нас.

Затоа драги пријатели, јас, и сите членови на Изврниот комитет избрани на последниот конгрес, денес поднесуваме неотповиклива оставка на нашите функции во партијата. Да спасиме што може да се спаси.

Во време на мојот 13-годишен мандат на чело на партијата, од наша долга рака настрадаа многу патриоти и поранешни членови на партијата. Од некои од нив како што се Љупчо Георгиевски и Јове Кекеновски се откажавме, други, како Никола Димитров, и Перо Димшоски ги протеравме,трети, како на братот Љубе, и Ване Цветанов со лажни сведоци им сместивме тортура и долгогодишна робија,а на четврти кои ни помагаа да дојдеме на власт во 2006 како на Велија Рамковски и Фијат Цановски им ги сотревме бизнисите и целите семејства.

Имам чувство дека заради нив не спијам добро во последно време, особено кога знам дека некои од нив ќе излезат на слобода. А не можам ниту да уживам во слободата кога знам дека половина од членовите на Извршниот комитет, и половина од избраните градоначалници ќе завршат во затвор.

Предлагам до следниот Конгрес да избереме вршител на должноста Претседател, но да внимаваме да не мора и тој да ја води партијата од притворот во Шутка или од затворот во Идризово.Овие избори може и да ги прескокнеме додека не се консолидираме..

Исто така ве известувам дека во затворот Шутка е веќе формирана ќелија на партијата и секој по пристигнувањето таму треба да му се јави на секретарот на ќелијата кој ќе му ги даде потребните инструкции.

Имам информација дека Специјалното јавно обвинителство ќе побарало да биде забрането и моето капитално дело, под наслов „Излез“ што го промовираше Македонската академија на науките и уметностите. Нашата тајна револуционерна организација веќе организираше тоа да се печати одново во голем број примероци и да се дели илегално, но под нов наслов, кој сега гласи „Нема излез„

За крај. Сетете се на онаа позната мисла: Затворите се нашите Универзитети. А ние само уште таму немавме до сега формирано Универзитет. .„

Влатко Ѓорчев, кој во Дневник објави текст на посакуван говор од Црвенковски по изборите во 2011.година не го потврди текстот на овој говор. Но звучи многу убаво и веродостојно.

Ѓорги Спасов
(Фејсбук статус на авторот)

Слични содржини