Закажана седница на Централниот одбор на СДСМ

од Берта Китинска
235 прегледи

Вечерва со почеток од 19.00 часот, ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, што е прва седница по изборот на Димитар Ковачевски за претседател на партијата.

Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.

Во текот на неделата, претседателот Стево Пендаровски треба да го додели мандатот на Ковачевски за формирање влада.