Денес во Собранието се закажани седници на комисиите за одбрана и безбедност и за политички систем и односи меѓу заедниците.
Комисијата за одбрана и безбедност треба да ја одржи 41-та седница со единстевна точка на дневен ред Информација за преземени мерки и активности во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, пак, треба да ја продолжи 48-та седница на чиј дневен ред преостанати за разгледување се годишните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година, како и за реализација на Судскиот буџет за 2021 година.
Членовите на оваа комисија треба да расправаат и за годишните извештаи за работа за 2021 година на Советот на јавните обвинители, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација.