Откако поротата во Ново Мексико повторно го обвини Алек Болдвин за убиство од небрежност, одреден е датумот на судењето.
Судењето на актерот е закажано за четврток, први февруари, кога ќе се соочи со обвинение за убиство од небрежност, откако ја усмрти снимателката Халина на филмски сет. Тоа ќе биде првпат актерот да биде изведен пред окружниот суд во Ново Мексико, но нема да се појави во живо, туку виртуелно, пишува „Дејли Мејл“.
Тој е именуван во случајот како Александар Реј Болдвин и обвинет за убиство од небрежност, откако поротата гласаше за подигање обвинение против него на 19 јануари.
Болдвин ја уби кинематограферката Халина Хачинс на сетот на филмот Rust во октомври 2021 година, кога пиштолот користен на сетот бил наполнет со вистински куршуми.
Алек Болдвин и претходно беше обвинет за смртта на Хачинс, но обвиненијата беа отфрлени минатиот април, само две недели пред почетокот на судењето, пишува Би-Би-Си. Локалните обвинители наведуваат дека дошле до дополнителни факти кои бараат ново судење.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 18 месеци.