Закерберг: Фејсбук отстрани 18 милиони објави со дезинформации за „Ковид“

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Основачот и извршен директор на Фејсбук, Марк Закерберг, утрово во ексклузивно интервју за Си -Би -Ес објави дека социјалниот медиум отстранил 18 милиони објави што содржеле дезинформации за „Ковид“, но не сакаше да каже колку пати објавите биле прегледани или споделени.

-Ако гледаме штетна дезинформација на платформата тогаш ја отстрануваме затоа што е спротивно на нашите правила, така што бројката од 18 милиони е бројот на такви содржини што сме ги виделе на платформата и што ги отстранивме. Дали гледаме и отстрануваме се? Се разбира, постојат грешки што ги правиме или области што треба да ги поправиме, но тоа е бројот што во моментов го имаме кога станува збор за она што го видовме и она што нашиот систем успеа да го открие“, рече Закерберг за CBS This Morning.

Новинарката на Си -Би -Ес, Гејл Кинг, посочи две одделни прашања во интервјуто:

-Отстранивте 18 милиони дезинформации, но колку луѓе ја видоа таа дезинформација? Дали е тоа повеќе или помалку од 18 милиони? Тоа е бројката за која мислам дека луѓето зборуваат. Белата куќа дури рече дека Фејсбук убива луѓе. Тоа беше многу смело, отворено и провокативно?

– Разбирам за што зборувате. Бројот што можам да ви го дадам е бројот на дезинформации што ги отстранивме. Имаме и милиони луѓе кои ја користеа нашата алатка „Vaccine finder tool“, алатка за да се доближиме до процесот на примање на вакцината – одговори Закерберг.

Фејсбук, како и другите платформи, се соочи со силни критики за ширење дезинформации, особено во врска со пандемијата на коронавирус.

Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец рече дека Фејсбук и другите платформи за социјални медиуми „убиваат луѓе“ со тоа што дозволуваат ширење дезинформации за „Ковид“, но подоцна појасни дека тој смета дека самата дезинформација ја предизвикала смртта.

– Убиваат луѓе. Го мислам тоа. Видете, единствената пандемија што ја имаме е меѓу невакцинираните и убива луѓе“, рече тој. Бајден подоцна додаде: „Секој што го слуша ова е повреден поради тоа. Тоа убива луѓе. Тоа се лоши информации. Се надевам дека Фејсбук не го сфаќа лично. Кога велам дека Фејсбук убива луѓе, треба да се направи нешто во врска со дезинформациите. Дезинформациите за вакцините се нечуени. Тоа е она што мислев“.

Фејсбук одговори на овие коментари на американскиот претседател, велејќи дека оваа компанија всушност помогна да се зголеми прифатливоста на вакцините.

– Нема да не попречат обвинувања што не се поткрепени со факти – објавија тие.

Кон средината на јули, повеќе од две милијарди луѓе ги прегледаа „веродостојните информации“ за „Ковид 19“ на Фејсбук, објави социјалната мрежа, вклучително и 3,3 милиони Американци кои користеа алатка за пронаоѓање вакцини за да закажат состанок за вакцинација.

Слични содржини