Зaкерберг на 11 април пред Конгресот на САД

од desk2
57 прегледи

 

Директорот на Фејсбук Марк Зaкерберг ќе сведочи пред Комитетот за енергија и комерција на Претставничкиот дом на САД на 11 април, соопштија од Комитетот.

„Ова сослушување ќе биде важна прилика да се расветлат клучните проблеми за заштитата на податоци на корисниците и на сите Американци подобро да им се објасни што се случува со нивните податоци на интернет“, велат од КОмитетот.

Зукерберг ќе биде сослушан за скандалот со фирмата за обработка на податоци „Кембриџ аналитика“, која доби пристап до податоци на 50 милиони корисници додека работеле на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп.