Закерберг одби да одговара пред британскиот парламент за аферата

од desk2
65 прегледи

 

Првиот човек на Фејсбук, Марк Закерберг, го одби барањето на британскиот парламент пред нег да одговара на прашања во врска со злоупотребата на податоци.

Да потсетиме, аферата изби откако на видело фирмата Кембриџ аналитика, заедно со фејбук, на незаконит начин обработила милиони податоци од корисници на таа мрежа пред претседателските избори.

Иако, веднаш следеше реакција од Кембриџ аналитика, во рамки на која е сменето раководството на фирмата, и САД и Британија покренаа истрага за тоа, а токму во рамки на истрагата Закерберг е повикан да одговара а прашања пред британскиот парламент.

На шефот на Фејсбук му е доставео писмо од комитетот на британскиот парламент задолжен за дигитални медиуми во кој се сугерира дека би требали лично да се појави на сослушување и за тоа му е оставен рок до понеделник да одлучи.

Но, тој се оглуши на повикот и на сослушување ќе ги прати своите заменици.