Законодавниот дом ќе ја оддржи 29. седница

316 прегледи

Во рамки на денес закажаната 29. седница во Законодавниот дом, ќе бидат разгледани преостанати точки врзани за повеќе закони кои се по скратена постапка и во прво читање.

На дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за библиотеките, Законoт за заштита на културното наследство и на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка.

Меѓу точките на дневниот ред се и предложените измени и дополнувања на Законот за личната карта, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Бастри Бајрами, Кастриот Реџепи, Биљал Касами, Фадил Зендели, Сурија Рашиди, Илире Даути, Артина Ќазими, Зиадин Села, Халил Снопче, Абдула Салиу, Сафије Садики Шаини.

На седницата треба да се разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, на Законот за метрологијата, на Законот за заштита и благосостојба на животните и на Законот за идентификација и регистрација на животните, сите во прво читање.

Дел од точките на дневниот ред е и Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година, поднесен од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини