Законот за буџет достапен за јавна расправа

од Берта Китинска
228 прегледи

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација.

Актуелната ситуација предизвикана од пандемијата со Ковид-19, според Бесими, е сериозна за што најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се полоши во однос на финансиската криза.

– Она што е добро во целата приказна е тоа што финансискиот систем е стабилен. Тоа е една голема предност во справувањето со Ковид кризата. Во овој период кога останатите бројки се со негативен предзнак, добро е тоа што во финансискиот сектор динамиката се уште е со позитивен предзнак, рече Бесими.

Од Македонската банкарска асоцијација каде членуваат сите поголеми банки, беше посочено дека банкарскиот сектор е стабилен, со високо ниво на капитализираност и ликвидност и оти сите работат со добивка. Најавија дека ќе продолжат да соработуваат со сите засегнати страни со цел да се излезе од актуелната криза.

Слични содржини