Законот за минимална плата важи и за јавниот и за приватниот сектор, вели премиерот

од Берта Китинска
732 прегледи

Сите работодавачи без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор се должни да го почитуваат спроведувањето на Законот за минимална плата, а секое непочитување треба да се пријават во надлежните институции, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, овој закон важи за сите работници во државата и во однос на неговото спроведување нема разлика дали станува збор за државна институција или приватен сектор.

-Ова прашање беше поставено исто така и кога го имавме економско социјалниот дијалог. Таму беше присутна министерката за труд и социјална политика која нагласи дека треба да се пријавуваат непочитувања согласно со законските одредби и согласно со колективните договори, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто државата не го почитува законот во однос на скалестото зголемување на платите во однос порастот на минималната.