Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата Вин Вин на Телма, покрај актуелните теми зборуваше Закон за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство .
„Особено ми е драго што Законот за спречување и заштита од дискриминација, гласаа заедно и власта и опозицијата со 69 гласа „за”, истакна министерката Шахпаска.
Особено значаен како што посочи министерката Шахпаска е Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Затоа ги повикувам и власта и опозицијата да гласаат за него.
„Со овој Закон ќе се понуди решение за мултисекторки пристап преку решавање на овие состојби, преку вклучување на МТСП, МВР, МЗ, МОН и сервисите кои пружаат поддршка,” изајви Шахпаска.