Законот за учебници ќе биде отворен 20 дена за јавноста

од Nikola Popovski
26 прегледи

Министерката за образование, Весна Јаневска информира дека Законот за учебници ќе биде отворен за јавноста 20 дена. Новината е што овој пат МОН им дава можност на издавачките куќи да учествуваат со веќе подготвени учебници кои потоа во процедура би биле избрани и обврската за печатење се префрла на издавачките куќи.

Според првата година, министерката и ресорот ќе се уверат дали повеќето од постапките ќе се префрлат на издавачките куќи. Јаневска очекува да добијат поголем квалитет на учебници и поголема ефикасност, за да не се доведат во ситуација на 1-ви септември, учениците да останат без учебници.

Министерството за образование и наука вчера информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование, кој е поставен на владиниот ЕНЕР систем (Електронски национален регистер на прописи) и сите заинтересирани граѓани можат да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура.

Во предлог законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници, раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба.

Актуелното законско решение е на сила од 2008 година.

Слични содржини