Законот за употреба на јазиците го загрозува статусот на македонскиот јазик. Со законските измени усвоени во сомнителна процедура, се воведуваат услови за позитивна јазична дискриминација на албанскиот на штета на македонскиот јазик, посочи академик Катица Ќулавкова на годишното собрание на Македонската академија на науките и уметностите,пренесе тв24.

– „Ние во МАНУ четиресет години немавме дозволено работно место лектор по македонски јазик иако тоа беше обврска на секоја национална институција, а сега одеднаш ќе имаме вработување на стотици кадри, лектори инспектори по јазикот на една заедница. Мислам дека се излегува од рамките на хармонија, кохезија..“ – изјави Катица Ќулавкова – член на МАНУ.
Говорот на Ќулавкова, дел од присутните го поздравија со аплауз, по што академик Беџети побара збор на говорницата. Откако во дел од говорот почна да зборува и на албански јазик, дел од присутните се пожалија дека не разбираат што говори, а тој пак, им порача да си обезбедат преведувач.
– „Овде се уште некои поединци не можат да разграничат што е тоа индивидуално и колективно право, па ете и мене ми се упаѓа, да не можам ниту јас индивидуално да го употребувам мојот мајчин јазик којшто веќе и легално е во употреба.“ – изјави Абдулменав Беџети – член на МАНУ.