240
Одлуката што ја донесе Народното собрание за Република Северна Македонија е правилна и одговорна, коментирал бугарскиот министер за одбрана во оставка Драгомир Заков за одобрувањето на францускиот предлог од страна на Софија.
Според него, мора да се најде вистинскиот баланс за да се започнат преговорите и истовремено да се заштити бугарскиот интерес.
Заков истакна дека другите земји-членки на ЕУ одамна ги разбираат барањата на Бугарија за Македонија, но „прашањето е дали правилно сме ги објасниле“.
Тој ги отфрли критиките за францускиот предлог од некои партии и истакнал: „Нема ли да биде помалку предавство доколку се затвори вратата за преговори со Северна Македонија и да не ја видиме како дел од ЕУ“.