Залужњи повторно на удар: Покрената истрага поради уреди за собирање информации

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Украинската безбедносна служба покрена истрага за уреди за собирање информации пронајдени во канцелариите кои требало да ги користи Валериј Залужњи, врховен командант на украинската армија.

Истрагата е покрената според членот од Кривичниот законик на Украина за „незаконско стекнување, продажба или употреба на специјални технички средства за собирање информации“, објави безбедносната служба на платформата Телеграм.

„Потенцираме дека уредот не е пронајден во канцеларијата на Залужњи, туку во една од просториите кои тој би можел да ја користи за работа во иднина“, се додава во соопштението на службата за безбедност, во кое се нагласува дека уредот не бил во оперативна состојба, пренесе „Ројтерс“.

Залужњи и претседателот на Украина се во конфронтација во врска со војната со Русија, бидејќи генералот тврди дека конфликтот влегува во фаза која ќе ѝ овозможи на Москва да ги обнови своите воени сили, со што Зеленски не се согласува, наведува агенцијата.

Слични содржини