Залужњи: Ситуацијата на украинскиот фронт не е во застој

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужњи денеска оцени дека ситуацијата на фронтот со Русија не е во застој, истовремено одбивајќи да коментира дали Украина ќе продолжи со контраофанзивните операции во текот на зимата.

„Ова е војна, не можам да коментирам што планираме и што треба да правиме. Во спротивно, тоа би било шоу, а не војна“, додаде Залужњи, пренесува „Ројтерс“.

Кога станува збор за новиот начин на регрутирање украински војници, претседателот Володимир Зеленски најави промени, кои ќе повлечат стратешко користење на специфичните способности на новите регрути, за да се постигнат поефикасни резултати.

„Сè уште е рано да се оценува (новиот метод на) регрутирањето, а кога станува збор за мобилизација, треба да се зајакне и да се врати во границите во кои беше претходно“, рече Залужњи.

На прашањето како замената на регионалните воени команданти влијаела на ефективноста на мобилизацијата, врховниот командант одговорил дека „тие биле професионалци, знаеле како да ја вршат работата“.

Слични содржини