Во Собранието на Република Северна Македонија попладнево новите заменици и дополнителни заменици министри дадоа свечена изјава пред претседателот на Парламентот, Јован Митрески.
Покрај заменик-министрите во 16-те ресори на Владата, денеска беа избрани и дополнителните заменици-министри во пет министерства предвидени со Законот за Влада, во делот што се однесува на составот на преодната Влада.
За дополнителен заменик министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ е избран Митко Бојмацалиев, а за дополнителна заменик министерка во Министерството за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
За дополнителен заменик министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана Елена Петрова, за дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.