Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија: Македонија сама си наметнува вето

од Nikola Popovski
178 прегледи

Правиме се што е можно да покажеме како говорот на омраза кога не е навремено казнет, прераснува во криминални дела. Не случајно говорот на омраза е поставен како дел од критериумите за патот на С. Македонија кон ЕУ, вака изјавила заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова за бугарските медиуми.

Таа нагласила дека „Македонија ветува многу, но нема соодветни последователни дејствија по антибугарските настани и тоа е причина за ескалација на ситуацијата“.

„Важно е да му покажат на сопственото општество дека за да бидат дел од европското, мора да има нулта толеранција за ваквите настани“, посочила Петрова за „Bg on Air“.

Дипломатката коментира дека по усвојувањето на преговарачката рамка од страна на ЕУ, „Македонците чувствуваат дека преговорите се веќе започнати“.

„Погрешно создадоа големи очекувања во општеството дека ќе продолжат и без промена на Уставот, а според одлуката на сите држави тоа мора да го направат. Ова е заложба не кон Бугарија, туку кон целата ЕУ“, појаснила Петрова.

Сепак заменик-министерката за надворешни работи била категорична дека нема потреба Бугарија повторно да стави вето за Македонија.

„Самите си наметнаа вето. Јасно е напишано дека за да го продолжат патот кон евроинтеграциите мораат да го променат Уставот. Се додека не го направат тоа, нема начин вистински да почнат преговорите. Можеме да ставиме вето како многу пати како што сакаме, крајната цел е овој регион да се интегрира, така што ќе биде многу полесно да коегзистираме со нив, но тоа може да се направи кога ќе ги исполнат критериумите“, додала Петрова.

Слични содржини