Заменик-министерот Андовски во посета на Клиничкиот центар во Ниш – тројца пациенти под лекарски надзор

од Даниел Ѓорѓиевски
28 прегледи

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, ја посети Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде оствари средба со директорот, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим.

За време на посетата, претставниците беа запознаени со здравствената состојба на тројцата пациенти хоспитализирани во оваа установа. Според медицинскиот персонал, двајца пациенти се во стабилна состојба, додека еден пациент е во потешка состојба, но сите се под внимателен лекарски надзор и примаат соодветна терапија.

Министерството за здравство изрази длабока благодарност до медицинскиот персонал на Универзитетскиот клинички центар во Ниш за нивната посветеност и поддршка во овие тешки моменти.

Слични содржини