251
Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин, објави заменик-министерот за здравство, Илир Хасани.
Тој додава дека и покрај фактот што нема никаква врска со постапките во модуларните болници и ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во моментов, да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и себеси.
-Нема ништо над достоинството!, вели Хасани.
Претходно оставките поднесоа и директорот на тетовската клиничка болница, Флорин Бесими и еконскиот директор на болницата, Артан Етими.
Министерот за здравство, Венко Филипче најави прес-конференција за во 19 часот.