323
„Мерката полициски час е преземена кога видовме дека се зголеми бројот на заразени. Ние за да ги видиме ефектите на оваа мерка, фактички треба да чекаме недела дена“, вели заменик-министерот за здравство, Илир Хасани за емисијата „Топ тема“.
Според него, ова е исто кога пиеме парацетамол и тој треба да делува за некој половина час.
„Ние на петтата минута не можеме да земеме некој друг лек, затоа што ние морале да чекаме да видиме дали оваа мерка дава ефекти. Тоа е суштината, зошто не се иде на мерка денес, мерка утре, мерка задутре, иако гледаме дека трандот на заболени расте“, истакна Хасани, додавајќи дека има празни болнички кревети по болниците.