Заменик МНР на Бугарија: Внимателно ја следиме кампањата на опозицијата во С. Македонија против бугарските клубови

од Nikola Popovski
194 прегледи

Бугарското министерство за надворешни работи продолжува со особено внимание да го следи поттикнувањето на кампањата на опозицијата во Република Северна Македонија (РСМ) против бугарските клубови и нејзината инструментализација за внатрешно-политички цели. Ваквото однесување е само во корист на фактори или трети лица кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на нашиот сосед. Ова денеска на брифинг го истакнал заменик-министерот и портпарол на бугарското МНР, Костадин Коџабашев.

Тој ги коментирал измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, донесени од македонското собрание на 2-ри ноември.

-Со објавувањето на измените во Државен весник, законите всушност стапуваат на сила. Во оваа прилика веќе се зазеде став и Министерството за надворешни работи на Бугарија. Постои сериозна загриженост дека со законски измени и како резултат на еднострано толкување на историските факти и поединци може да се ограничи правото на здружување, рече заменик министерот Коџабашев.

Тој зборувал и за Советодавното тело во нашата земја за одлучување во врска со контроверзните имиња на клубовите, здруженија или партии.

-Се наметнуваат легитимни прашања од типот: кој ќе врши контрола врз мислењата на телото, има ли право на жалба на нејзините одлуки, кои се критериумите по кои комисијата ќе се води во својата работа. Впечатливо е и тоа што измените во еден ваков важен закон за граѓанското општество се донесени без претходна широка јавна расправа, истакна заменик министерот Коџабашев.

-Останува да видиме дали владата во Скопје ќе го испрати Законот за здруженија и фондации на мислење до Венецијанската комисија. Сметаме дека, сепак, доколку се пристапи со соодветно внимание и грижа за човековите права, требаше однапред да се испрати ваков важен предлог закон за право на мислење, бидејќи сега во пракса законот почнува да се применува, коментира заменик-министерот Коџабашев, пренесува БТА.

Слични содржини